Шаќири: Реорганизацијата на државната администрација останува приоритет

– Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири изјави дека реогранизацијата на државната администрација и подобрувањето на испораката на јавните услуги останува приоритет на Владата.

Тој денеска порача дека без реогранизација на органите на државната управа и елиминирање на преклопувањата на надлежностите, не постои вистинска рефома на администрацијата.

– Ние сме решени да го однесеме овој проект напред, да ја оптимизираме целокупната институционална рамка, да ја подобриме испораката на јавните услуги, да ги зајакнуваме етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација, и меѓу друго да спроведуваме функционална анализа и да донесуваме нов Закон за организација на органите на државната управа, истакна Шаќири на семинарот посветен на реорганизацијата на администрацијата.

Заложбите не Владата, како што посочи, се во насока на интеграција на државата во Европската унија, а ова, според него, зависи од капацитетот на јавната администрација која треба да го транспонира европското законодавство и да обезбеди соодветна примена.

Back to top button
Close