Шефот на дипломатијата Османи во работна посета на Египет


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на актуелен претседавач со Медитеранската група за соработка на ОБСЕ и иден претседавач со Организацијата, денеска ќе престојува во работна посета на Арапската Република Египет.

Како што соопшти МНР, за време на посетата, Османи ќе оствари средба со неговиот колега, министерот за надворешни работи, Самех Хасан Шукри Селим и министерот за трговија и индустрија, Ахмед Самир Салех.
Во фокусот на дискусиите ќе биде натамошното унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Египет, како и економската соработка и зголемување на трговската размена.

Воедно, акцент ќе се стави и на актуелните меѓународни прашања и безбедносните предизвици во регионот на ОБСЕ, како и надворешно-политичките приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close