Шефот на НАТО итно оди кај Трамп на Флорида
Генералниот секретар на НАТО и холандскиот премиер Марк Руте се очекува да се сретнат со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за да разговараат за Украина, јавуваат холандските и американските медиуми.
Холандскиот весник „Де Телеграф“ објави дека Руте e веќе во авион на пат кон Флорида и ќе го посети Трамп во неговата резиденција Мар-а-Лаго во Палм Бич.
Руската новинска агенција Интерфакс, исто така, известува за евентуалниот состанок, повикувајќи се на извори од Вашингтон пост кои велат дека двајцата се очекува да разговараат за тоа како да се постигне долгорочен мир меѓу Москва и Киев.
Средбата ќе се сллучи откако НАТО и Украина закажаа вонредни разговори во вторник во Брисел. Русија вчера употреби нов тип на балистичка ракета врз украинскиот град Днепар, јави Би-Би-Си.