Шекеринска: Потполковникот пристигна во Скопје, состојбата му е добра

– Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника, напиша во објава на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

Министерката за одбрана Шекеринска во објавата посакува брзо оздравување на потполковникот и се заблагодарува на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација.

Потполковникот на Армијата што учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република беше донесен со медицинска евакуација откако беше тестиран позитивен за коронавирус.

Back to top button
Close