Шекеринска: Земјата не може да функционира без Парламент, датумот на изборите не е политичка желба

Прашањето за датумот за одржување на изборите не е прашање на политички желби или предмет на консензус на политички партии, туку тоа е уредено во Уставот и законите, изјави денеска вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа рече дека вонредната состојба не може да се продолжува во недоглед зашто земјава не може да функционира без Парламент и треба да биде избрана влада со целосен политички легитимитет.

– Ниту една демократска држава не може да си дозволи олку долго да функционира без Собрание. Значи, прашањето на датум не е прашање на нечии желби. Прашањето на датум е прашање дали сакаме државата да ни функционира во целосен капацитет, изјави Шекеринска, која денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на возухопловниот ВИНГ во касарната во Петровец.

Back to top button
Close