Шкендија нов лидер во ПМФЛ

По денешните шест натпревари од Првата македонска фудбалска лига нов лидер во поредокот е Шкендија. Тетовци на домашен терен беа убедливи против Вардар во дуел од 8. коло.

Домашни победи забележаа и Брера, Беса и Работнички, додека две средби заврши без победник.

Резултати:

АП Брера Струмица – Пелистер 4:0
Беса – Воска Спорт 1:0
Работнички – Шкупи 2:1
Шкендија – Вардар 4:0
Струга Трим Лум – Гостивар 2:2
Тиквеш – Силекс 0:0.

Табела: Шкендија 17 бода, Гостивар 16, Работнички 16, Силекс 13, Струга ТЛ 12, Брера 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Беса 8, Вардар 7, Тиквеш 6, Воска 5.

Back to top button
Close