Шојгу доживеал тежок срцев удар  

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу „доживеа тежок срцев удар“. Ова на Фејсбук го објави руско-израелскиот бизнисмен и противник на рускиот претседател, Леонид Невзлин.

„Шојгу е надвор од игра, може да остане инвалид, доколку преживее. Одеднаш доживеа тежок срцев удар. Се наоѓа на интензивна нега, поврзан е на апарати“, пишува Невзлин на социјалната мрежа.

Тој тврди дека „има гласини дека ваков срцев удар не се добива по природен пат“. Британските медиуми наведуваат дека Невзлин го објави ова по потонувањето на рускиот команден брод на Црноморската флота.

Шојгу е веќе десет години на чело на руската војска, што го прави десна рака на рускиот претседател Владимир Путин. Но, изминатиов период, не е забележан на регуларните состаноци во Кремљ, пишува „Дејли мејл”.

Back to top button
Close