Шокантна изјава на Ѓоковиќ – се сомнева дека бил труен со олово и жива
Новак Ѓоковиќ во една изјава деновиве се наврати на 2022 година, кога не му беше дозволен влез во Австралија поради тоа што не беше вакциниран, по што рече дека се сомнева на труење со храна во хотелот каде што престојувал.
„Пет дена бев сместен во хотелот во Мелбурн, а тоа траеше додека се жалев за одбиената виза за влез во Австралија. Кога се вратив во Србија, во телото имав големи количини на жива и олово, тоа мора да е од храната што ја конзумирав таму“, рече Ѓоковиќ.
Изјавата на Ѓоковиќ уште не наиде на никакви реакции.