Силјановска: Врвен експерт ми рече ќе врне дожд,а јас се молам
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова бара веднаш да се препрочита Законот за управување со кризи и целосно преиспитување на организацијата внатре, со цел подобро и полесно справување со пожарите кои речиси секое лето ја зафаќаат државата.
Таа е уверена во, како што рече, способноста на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и неговиот тим, како и во подготвеноста на војниците и пожарникарите.
Се молам да падне дожд, врвен експерт за климатски промени ми рече дека може да очекуваме дожд, не дека тоа ќе ја реши ситуацијата.
Но, таму каде е најопасно имаме луѓе, потенцира Сиљановска Давкова откако ги посети припадниците на Армијата вклучени во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Серта кај неготинското село Калањево.
Според неа, сликите се некогаш подраматични од реалноста.
Претходно, од страна на претседателката беше одлучено да се ангажираат дополнителни 200 припадници на Армијата за гасење на пожарите.
Во справувањето со пожарите Армијата веќе дејствува со 100 припадници и два армиски хеликоптера МИ-8/17, кои досега имаат фрлено над 150 тони вода.