Скендер Реџепи е против договор на ново мнозинство, не сака соработка со Левица  

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи нема да го поддржи новото мнозинство во кое е вклучена и Левица на Апасиев, пренесе тв24.

Информациите се дека тој е против соработка со партијата која наводно е анти-НАТО, анти-ЕУ и антиамериканска, против Договорот од Преспа, Охрид, албански јазик и дека ќе побара од неговата партија да се повлече од овој договор, пренесуваат дел од албанските медиуми.

Во Алтернатива, наводно, не биле информирани дека во новото мнозинство е и Левица. Затоа Реџепи сега бара неговата партија да се повлече од мнозинството

Како што објавува Журнал.мк пак повикувајќи се на свои неименувани партиски извори до моментот на одржување на средбата во Собранието за новото мнозинство, Алтернатива имале информации дека ЛДП на Горан Милевски ќе биде вклучена

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close