Скопјанка (44) тешко повредена во Хиподром – со велосипедот падна во шахта

МВР информира дека вчера попладне во 16:40 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје.

Според пријавеното, во саботата на ул. „Жан Жорес“ во Скопје (скопската населба Хиподром) околу 21:00 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со повредите.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Back to top button
Close