Со 65 гласа „за“ Собранието го донесе Законот за задолжување од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка

Со 65 гласа „за“ Собранието го донесе Законот за задолжување од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка.

Против Законот кој го предложи Владата гласаа 15 пратеници, а „воздржани“ немаше.

На гласањето му претходеше едночасовна дискусија.

Пратеници на опозицискиот СДСМ веќе предходно се изјаснија дека ќе гласаат против Законот, додека ВМРО-ДПМНЕ го бранеа заемот, кој како што рекоа ќе внесе свежи пари во македонската економија и ќе помогне во развојот на општините преку поддршка на проекти.

Инаку, заемот беше договорен кон средината на јули од страна на премиерот Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на нивната средба на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Back to top button
Close