Со детски мотор удри во паркирана тракторска приколка – тешко повредено е 8 годишно дете

МВР информира дека вчера попладне во 16:40 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреди е донесено повредено осумгодишно дете од с. Дебреше, гостиварско.

Според пријавеното, во дворот од куќата, детето управувајќи детски мотор удрило во паркирана тракторска приколка.

Поради сериозноста на повредите, малолетникот е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Известен е јавен обвинител, а увидна екипа од ОВР Гостивар изврши увид на местото на настанот

Back to top button
Close