Со гаранција од 192 илјади евра Кривичниот суд на Рашковски му го укина домашниот притвор


Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски повеќе не е во домашен притвор и правосилниот исход во случајот „Софтвери“ ќе го чека од слобода.Кривичен суд прифатил гаранција од Рашковски во недвижен имот со проценета вредност од 192.000 евра.Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот.Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во Законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, велат од Кривичниот суд преку соопштение.

Рашковски беше во домашен притвор речиси четири месеци. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.Случајот со набавката на софтверот од 81.000 евра, кој никогаш не бил ставен во употреба, беше обелоденет на почетокот на март 2021 година. Покрај овој тендер, во летото 2019 година, Рашковски донел уште две одлуки за јавна набавка за работи потребни за софтверот, иако во тоа време сè уште не бил склучен договор за набавката на софтверот.

Back to top button
Close