Сообраќајка кај „Мајчин дом“ во Аеродром: БМВ удрило во дете на велосипед тоа во бебе во количка. Има повредени

 

Сообраќајна несреќа се случи пред околу еден час на булеварот „Јане Сандански“ во Аеродром, на раскрсницата кај „Мајчин дом“.

На пешачкиот премин е оставен автомобил „бмв“ со скопски таблички, паднат велосипед и празна количка за бебе.

Дополнето

„Пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистерски таблички, управувано од С.С. (58) од Ресен и велосипед управуван од малолетник, по што од ударот по инерција велосипедот удрил во Б.И.М. (37) и количка за дете, во која имало дете. На велосипедистот и детето им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување“, велатМВР.

 

Back to top button
Close