Советот за безбедност го разгледа планот за презимување со што повеќе домашна струја

До 300 милиони евра во наредните два квартала ќе бидат потребни за реализација на владиниот план за непречено обезбедување електрична енергија, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Советот за безбедност.

Како што рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања, калкулациите се веќе направени, а дел од средствата се и обезбедени.

-Сигурно ќе има потреба од финансиски средства до 300 милиони евра во наредните два квартала со цел да обезбедиме електрична енергија по субвенционирани цени за граѓаните и малите потрошувачи. Веќе разговаравме и со Бугарија за обезбедување базна енергија за стопанството, истакна Ковачевски.

Планот поддржан од Советот за безбедност предвидува државата да ги подготви сите ресурси за максимално производство на сопствена енергија, со цел во најтешкиот период кој почнува на 1 октомври и ќе трае до почетокот на летото, на сите граѓани, ученици, студенти, средни, мали и микро бизниси да им се обезбеди најниска можна цена на струјата, како и снабдување со топлинска енергија по сегашната цена со задржување на евтината тарифа и 24-часовна достапност

Back to top button
Close