СП 2026: Претседателот на Бразил – голем срам само еден играч се врати во татковината

Претседателот на Бразил Лула да Силва е незадоволен што само еден репрезентативец се врати во татковината по Мундијалот. Од целата експедиција која беше на Светското првенство само Данило допатува, а другите заминаа на други дестинации, секој со своите обврски или приватни планови.

Првиот човек на државата побара објаснување и од селекторот Карло Анчелоти, но не се знае дали добил објаснување.

„Испратив порака до Анчелоти. На летот на репрезентацијата речиси никој, освен еден играч не се врати во Бразил. Голем срам! Да станеа светски прваци, сите ќе беа тука ќе славеа, ќе играа“, изјави разочараниот претседател Лула.

Бразил во нок-аут фазата на Мундијалот ја победи Јапонија, а потоа беше елиминирана од Норвешка.

Back to top button
Close