СП: „Англискиот сертификат на Бојан Христовски е истечен, а мојот не е“, се жали одбиена кандидатка за асистентка
Нови главоболки за рецензентската комисија на Факултетот за безбедност во Скопје, каде се бира асистент по криминалистички науки.
До комисијата пристигнал приговор од кандидатката за асистентка по криминалистички науки Маријана Јаковлеска, дека наводно комисијата неправилно го прифатила ТОЕФЛ сертификатот по англиски јазик за нејзиниот „противкандидат“ Бојан Христовски, кој во меѓувреме стана директор на Агенцијата за национална безбедност, а неа ја одбиле кога аплицирала на конкурсот, пренесе Слободен печат.
Јаковлеска на наставно научниот совет на факултетот му испратила приговор, дека нејзиниот сертификат по англиски јазик не бил прифатен, а оној на Христовски го прифатиле и покрај тоа што, според неа, тој бил „истечен“, а нејзиниот не бил.
…