Спасов: Во Владата има поддржувачи на Путин, на Курти, вљубеници во Орбан и кадри на Црвенковски

Владата на Мицкоски, надградена и проширена во однос на претходните влади, со бројните министри, заменици министри, државни секретари, советници, и национални координатори за измислени работи е состав од кој може сѐ да се очекува. Ако се види политичката определба на министрите во неа, ќе забележите дека тоа е еден многу интересен политички мозаик. Таму има: министри подржувачи на Путин, на Самоопределување на Курти, вљубеници во Орбан и кадри од ултралевото крило на Црвенковски. Во која насока тие ќе ја водат земјата, за сега никој не знае“ вели професорот и поранешен амбасадор Ѓорѓи Спасов во интервју за „Рацин.мк“.

Тој додава дека имитирајќи ја политиката на бегалецот Груевски, кој е уште подобар пријател со Орбан, Мицкоски реално ризикува да му ја сервира на Груевски освоената власт на тацна. А ДУИ тоа и го посакува и на тоа ќе работи.

„И ново е тоа што премиерот Мицкоски и министерот Николоски објавија дека некој им нудел поткуп за да добие тендер од владата, односно да не го поништат веќе доделениот, ама тие ниту го зеле поткупот, ниту го пријавиле сторителот, бидејќи сакале со корупцијата да се справуваат јавно. А тоа значи јавно да се фалат дека се чесни и непоткупливи, да не ги откриваат понудувачите на поткуп, и со тоа да остане сомневањето за нудење поткуп врз сите учесници на тендерот кој бил доделен“ рече Спасов.

Back to top button
Close