Спасовски и Филипче ќе ја посетат болницата во Струмица

Премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ја посетатат ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица и ќе направат увид на новото болничко крило, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Спасовски, потоа, во придружба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов ќе извршат увид и во градежните активности на мостот Ново Конско и патот Колешино-Банско.

Back to top button
Close