Спасовски- Истрагата на Двојник се обидоа да ја саботираат ВМРО ДПМНЕ и Мицковски
Во акцијата за апсење на лица вработени во управната служба на МВР во одделот за издавање шатни исправи уапсени се 9 лица кои работеле во пасошкото оделение и упте 1 лице кое е надвор од МВР а посредувало во крминалот со издавање пасоши со лажен идентитет.
Министерот Спасовски рече дек во акцијата на апсење на групата вчера и денеска се соочиле со саботажа на оваа акција од страна на партијата ВМРО ДПМНЕ и лидерот Мицковски.
-Сакам да кажам дека е недозволиво да сесаботира ваков криминал и да го демантирам денепното тврдење дека акцијата со лажни пасоши започнала во времето кога минитерувал Наке Чулев во технилката влада. Оваа акција во соработка со Интерол и Американската амбасада е почната на 20 фебруари 2019 година и ноторна лага е дека во времето на Чулев почнала истрагата. На обвинителството им е пратен извештај тие го вратиле,истрагата е при крај ,рече Спасовски.
Министерот Спасовски посочи дека истрагата е при крај на следната прес конференција наскоро ке ги соопштиме сите детали од истрагата која ја работиме со Интерпол но и за неуспешниот обид за саботажа со кој се соочивме,истакна минисерот.
Одбивајки во интерес на истрагата сега да открива детали Спасовски како пример го наведе Горан Грујовски поранешен вработен во УБК кој од земјата е избеган во Грција со пасош со лажен идентитет на непостоечко лице Владимир Варелов. Спасовски вети наскоро прес конференција со сите детали на овој криминал со пасоши со лажен идентитет.