Спасовски останува министер. Интерпелацијата отфрлена

Со 60 гласови против и 11 за интерпелацијата за министерот Оливер Спасовски не помина на гласањро на пратениците. Интерпелацјата ја поднесоа Алијансаата на Албанците и Алтернатива а како причина ги наведоа бегството на екс премиерот Никола Груевски,бегството на екс директорот на УБК Сашо
Мијалков,како и бегството на нарко босовите во акцијата за пресекување на групи кои се бават со недозволена трговија со дрога.
Спасовски сите овие обвинувања ги отфрли со контра аргументи и тврдење дека МВР успешно се справува со криминалот а тоа го покажувале резултатите кои ги постигнуваат.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои најавија дека ке ја подржат интерпелацијата на Села уште на почетокот на расправата за интерпелацијата ја напуштија салата несогласувајки се со спикерот Џафери да не дискутираат бидејки задоцниле со пријавување во расправата.
Тие му се заканија на Џафери дека ке му поднесат интерпелација а од него добија одговор дека ги чека со задоволство.






