Спасовски со апел за смиреност: Нема да дозволиме никаква ескалација или инцидент!

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, упати апел за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на нашуот великан Гоце Делчев.

-Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ!

Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано.

Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого, вели Спасовски.

Тој додава дека тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме.

-Сакам да упатам јасна порака до политичките субјекти и политичарите, да бидеме одговорни во овој процес. Бидејќи, неодговорноста не прави добро на граѓаните и државата, мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас.

Да се напушти таква реторика од разни „патриотски институти” за тоа што можат да направат.

Немојте како граѓани да подлегнувате на повик на било кои политички субјекти и да преземате надлежност на институциите, вели Спасовски.

Министерот потенцира дека на никому нема да му биде дозволено да биде над државата.

-Затоа што минатото покажа дека оние коишто ги мотивираат луѓето наводно да ја чуваат демократијата, државата и националноста, тие остануваат нечепнати. Оние кои посегнуваат по државата, по институциите, сега се наоѓаат во затворските институции.

 

Секој да овозможи чествувањето на 4 февруари да биде достоинствено, а институциите се тука да се грижат за се што треба за редот и безбедноста во државата.

Никој не смее да биде и нема да му биде дозволено да биде над државата!, вели министерот

Back to top button
Close