Србија прогласи ден на жалост поради настаните во Косово, тридневна жалост и во косовските општини со мнозинско српско население

Тридневна жалост е прогласена и во општините со мнозинско српско население на северот на Косово. Водечката партија на косовските Срби, Српска листа, објави дека 26, 27 и 28 септември се прогласени за денови на жалост за смртта на сограѓаните во трагичниот настан во селото Бањска

Владата на Србија го прогласи 27 септември за ден на жалост поради, како што наведе, трагичните настани во Косово. Согласно одлуката, сите медиуми и организатори на јавни настани утре ќе мора да ја прилагодат својата програма и на тој начин да им оддадат почит на жртвите во Косово.

Освен во Србија, тридневна жалост е прогласена и во општините со мнозинско српско население на северот на Косово. Водечката партија на косовските Срби, Српска листа, објави дека 26, 27 и 28 септември се прогласени за денови на жалост за смртта на сограѓаните во трагичниот настан во селото Бањска

Back to top button
Close