Средба на министерот за правда Маричиќ со претседателот на Уставниот суд во заминувањена Мурати

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска остварил средба со претседателот на Уставниот суд во заминување, Сали Мурати, на кому му посакал успех, добро здравје и среќа понатаму во кариерата и животот.

Маричиќ на својот Фејсбук профил пишува дека со Мурати размениле мислења за предизвиците во правосудството и за значајноста на Уставниот суд како место каде што се носеле многу важни одлуки за иднината на земјата и се одлучувало за уставноста на многу важни закони.

-Министерството за правда ќе продолжи да се залага за унапредување на статусот на Уставниот суд. Во наредниот период се планира и дигитализација на судот, за да ја зголемиме неговата ефикасност и да ја доближиме оваа институцијата до граѓаните, пишува Маричиќ на ФБ.




Back to top button
Close