Средношколците ги повикаа студентите да им се приклучат на протести во петок пред МОН

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците со покана до студентите да им се придружат на протестот во петок со цел заеднички да дојдат до подобрување на условите во образовниот систем.

„Имајќи ги предвид актуелните прашања околу средношколскиот и студентскиот стандард (државна матура, субвенциониран студентски оброк и слично), ги покануваме студентите да се придружат на протестот во петок од 12.30 часот пред МОН за заедно да издејствуваме подобрување во образовниот систем“, се додава во соопштението од Организацијата на средношколците.

Овие неколку години, како учесници во образовниот систем, како што нагласуваат средношколците, се соочуваат со голем број предизвици за кои, како што потенцираат, вреди да се дискутира и да се лобира кај надлежните.

Од ОДАС најавија дека до Собранието и Владата ќе испратат барање за олеснување на полагањето државна матура за годинашната генерација – или да се скрати обемот на материјалот или да се намали бројот на интерни испити.

Оттаму велат дека како организација целат прво работите да бидат решени преку дискусија, а дури потоа би следувале порадикалните мерки. Тие бараат намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матурата или скратување на еден интернет предмет. Според нив тоа се должи на два најголеми фактора во последните четири години –корона-кризата и година и пол онлајн настава и дојавите за бомби. Од ОДАС велат дека матурантите се најоштетена генерација затоа што досега немале една целосна непрекината учебна година.

Back to top button
Close