Српски автобус се преврте во Унгарија, меѓу повредените има и деца

Голема сообраќајна несреќа се случи на автопатот 53 во Унгарија, околу 5 часот утринава, откако од засега не познати причини се преврте патнички автобус кој превезувал туристи од Белград при што дури 15 лица се повредени, јавуваат српските медиуми. Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи.

Како што наведуваат медиумите несреќата се случила на два километри од Кишкунхалас, кога автобусот од непозната причина тргнал во спротивен правец, а потоа со полна брзина се превртел.Според унгарските медиуми, повредени се 15 лица, а 12 се веќе во болница. Брзата помош на лице место згрижила тројца.

Меѓу повредените патници има и две деца, кои исто така се пренесени во болница. Некои патници останале заробени во автобусот, па биле извлечени од пожарникарите. Сопственикот на агенцијата е на лице место, голем број патници се вратиле во Белград, а останатите продолжиле со новиот автобус.

Back to top button
Close