Српското МВР најави контрола на оружјето
Министерството за внатрешни работи на Србија најави опсежни проверки на сите сопственици на оружје, еден ден откако 13-годишниот Коста. К. со оружје од татко му уби осум ученици и чувар во училиште во Белград.

Во соопштението на 4 мај, Министерството за внатрешни работи најави увид, „со цел да се утврди дали оружјето се чува согласно важечките прописи, одвоено од муниција и затворено во соодветни ормари, кабинети и сефови“.
„Ако при контролата на сопствениците на оружје се констатира дека оружјето е несовесно складирано и може да дојде во сопственост на неовластени лица и да ја загрози безбедноста на луѓето, ќе им биде одземено оружјето и ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка согласно Законот за оружје и муниција“, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Србија.
Србија – Полицијата пред основното училиште Владислав Рибникар поради масовно пукање, Белград, 3 мај 2023 година.
ВИДЕТЕ И ОВА:
Ученик во училиште во Белград убил 8 ученици и еден обезбедувач
Министерството ги повика сите сопственици на оружје совесно да го чуваат оружјето за да биде недостапно за неовластени лица, особено за деца“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денот на нападот објави предлог мерки со кои, меѓу другото, се предвидува и воведување мораториум за издавање дозволи за секое оружје освен за ловечко оружје.
Тринаесетгодишникот што го изврши нападот во училиштето во Белград внел пиштол калибар 9 милиметри со три рамки, малокалибарски пиштол и четири молотови коктели.
Тој во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај уби осум ученици и човек кој работел како обезбедување. Тешко повредени се уште шест ученици и една наставничка






