Стано: Заврши дијалогот помеѓу Србија и Косово во Охрид

Дијалогот на високо ниво помеѓу Косово и Србија што се одржуваше денеска во Охрид со посредство на ЕУ заврши, објави вечерва на Твитер портпаролот за надворешна политика на Европската комисија, Петер Стано.

Тој посочува дека наскоро висoкиот претставник за надворешна и безбедносна поолитика и потпретседател на ЕК Жозеп Борел ќе соопшти повеќе информации.

Речиси десет часа траеше втората рунда од заедничката средба на српскиот премиер Александар Вучиќ со косовскиот премиер Албин Курти, на која посредуваат шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

 

Back to top button
Close