Стапуваат во сила царините од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум во САД

Трамп се надева дека воведените царини ќе го зголемат производството на челик и алуминиум во САД, но според експертите, тоа ќе ги зголеми цените за американските потрошувачи и ќе го наруши економскиот раст.

Од денеска стапуваат во сила царините од 25 отсто што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за увоз на челик и алуминиум во Соединетите Американски Држави.

Неколку часа пред да стапат во сила, Трамп се закани дека ќе ги удвои царините за увоз на челик и алуминиум од Канада од 25 на 50 отсто, но се откажа откако премиерот на Онтарио, Даг Форд, рече дека ќе воведе дополнителни давачки за извозот на електрична енергија во САД. Форд подоцна објави дека ги суспендира дополнителните давачки по разговорите со американскиот секретар за трговија Хауард Лутник.

Канада е еден од најблиските трговски партнери на Америка и најголем извозник на челик и алуминиум во САД.

Трамп се надева дека воведените царини ќе го зголемат производството на челик и алуминиум во САД, но според експертите, тоа ќе ги зголеми цените за американските потрошувачи и ќе го наруши економскиот раст.

Американскиот институт за железо и челик – група која ги претставува американските производители на челик – го поздрави воведувањето на царините, велејќи дека на овој начин ќе се отворат нови работни места и ќе се поттикне домашното производство на челик.

Како одговор на одлуката на американскиот претседател, Европската комисија објави дека воведува царини на американски стоки во вредност од 26 милијарди евра, почнувајќи од април

Back to top button
Close