Стојанов од бугарската фондација во Баница, ќе му гради спомен плоча на Гоце Делчев

Првиот човек на бугарската фондација Македонија, Виктор Стојанов, кој се најде на црниот список на МВР и не му беше дозволен влез на последното одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, сега ќе оди во Баница, за да положи венец и да процени каде да стават спомен плоча на, како што вели, бугарскиот револуционер.

Според она што го објави јавно, за тоа добиле дозвола од властите во Грција, а на чинот денес ќе служи молитва од поп. Тој ги оценува  како апсурдни обвинувањата против првиот човек на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ за ширење етничка омраза и за дистрибуирање ксенофобичен материјал и притоа се закани дека со своите следбеници ќе организира „гандиевски протест“ и ќе ја болкира границата со Македонија, што ја нарекува „Скопје“.

Back to top button
Close