Стојановски: Ако се подели коалицијата „Вреди“, Владата ќе работи нормално

Владата ќе работи нормално и ќе има скоро двотретинска поддршка во Собранието, вели Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ, на новинарско прашање за изјавата на Халил Снопче од АА на Таравари кој рече дека ако нивната партија е надвор од Владата, неминовно доаѓа до прашањето за нови парламентарни избори.

– Ние неколкупати сме кажале дека мнозинството неофицијално брои две-третини односно над 80 пратеници. Јас ве уверувам дека и покрај таа ситуација, доколку стане актуелна и се случи, Владата ќе функционира сосема нормално и подобро од претходно. Ние сме подготвени во секој момент на предвремени избори, но таквите нема да ги има заедно со локалните, одговори Стојановски на новинарско прашање.

Тој рече дека нема да го поддржи предлогот на СДСМ да се поднесе предлог-закон за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

– Она коешто е индикативно е зошто Венко Филипче сега овој момент предлага таков закон за помош на овие луѓе, а не предлагаат таков закон за оние лица коишто го загубија животот во пожарот на модуларната болница, оние лица коишто ги загубија своите животи во трагедиите во Ласкарци и Бугарија. Така да одговорот на ова прашање е јасен семејствата на починатите и на повредените целосно ќе имаат поддршка од владата, рече Стојаноски

Back to top button
Close