Сто луѓе се повредени во експлозија во магацин за експлозиви на Сејшелите
Вонредна состојба е прогласена на Сејшелите по експлозија во складиште за експлозиви и поплави предизвикани од обилните врнежи. Причината за експлозијата се уште не е позната. Според последните извештаи, повредени се околу 100 лица.

Како што пренесуваат медиумите, нанесена е голема штета на индустрискиот имот Провиденс и околните области на главниот остров Махе.
Официјалните претставници ги советуваа луѓето да останат дома, со исклучоци што се направени за работниците од основните служби и тие со закажани летови.






