Струмица постхумно додели награда за животно дело за Гоце Арнаудов: Каде и да одеше, најсреќен беше во Струмица!
На свечена седница на Советот на Општина Струмица, која се одржа завчера во големата сала на Домот на културата „Антон Панов“ беа доделени традиционални награди на заслужни граѓани и институции, кои со својата работа оставиле значителен печат во развојот и културниот живот на градот.
Наградата за животно дело постхумно му припадна на легендарниот пејач Гоце Арнаудов, а ја прими неговата сопруга Силвија, која кажа дека Гоце бил дел од животот на секој струмичанец.
– Каде и да одеше, најсреќен беше дома, во Струмица, со своите струмичани, кажа Силвија Арнаудова