Судирите во Судан продолжија и покрај тоа што паравоените сили се согласија за прекин на огнот за време на Рамазан Бајрам

Судирите продолжија во Судан и покрај тоа што паравоената група Сили за брза поддршка се согласи на прекин на огнот за време на Рамазан Бајрам.

Бомбардирање и гранатирање беа пријавени во неколку области во Картум, откако примирјето требаше да започне во 6 часот наутро.

Суданската војска не го коментираше потенцијалниот прекин на огнот што доаѓа откако ОН објавија дека околу 20.000 луѓе го напуштиле Судан поради конфликтот, објави денеска „Гардијан

Back to top button
Close