Светскиот рекордер Гирма хоспитализиран откако падна на стиплчез 3.000 метри на Олимпијадата
Етиопскиот атлетичар Ламеха Гирма е пренесен во болница откако падна на Олимпијадата во Париз.
Гирма е светски рекордер на 3.000 метри стиплчез. Тој синоќа на олимписката трка на оваа делница падна при прескокнување на пречката на 300 метри до целта. Тркачот се сопна на пречка, падна и удри со главата на патеката, по што лежеше неподвижен. Лекарите кои влегоа на патеката, му го фиксираа вратот и на носилки го изнесоа надвор од арената.
Од таборот на етипската репрезентација подоцна потврдија дека Гирма се освестил и дека е контактибилиен.
Дваесет и тригодишниот Гирма освои сребро на Олимписките игри во 2020 година, како и три сребра на светските првенства