Таравари се поздрави со Мицкоски, но не и со Меџити и Касами
Застанати еден до друг, но сè подалеку политички. Довчерашните коалициони партнери, Таравари, Меџити и Касами, денеска присуствуваа на заеднички настан, стоеја во првиот ред, но меѓусебно се игнорираа, јавува ТВ Телма.
Покрај Касами, на неофицијалниот список што се споделува во јавноста повторно е и Висар Ганиу за Чаир. Зад нив е Фатмир Лимани за Кичево, Менди Ќира за Струга, Џемаил Ќупи за Дебар, Абдула Бајрамовски за Долнени, Висар Адеми за Гостивар, Али Синани за Врапчиште, Фатмир Сабриу за Боговиње, Хаким Рамадани за Брвеница, Амир Елези за Теарце, Блерим Сејдиу за Желино и Мухамед Елмази за Сарај. Недостасуваат уште кандидатите за Липково, Арачиново и Студеничани. Но, од партијата тврдат дека ништо од ова не е потврдено, ниту конечно.
Таравари, кој денеска ги одбегна своите довчерашни партнери, вчера во Слупчане насмеано се ракуваше со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Ова поттикна уште повеќе шпекулации за нивната идна соработка на локалните избори.Тој деновиве треба да се сретне и со премиерот, со кого треба да разговараат за неговото понатамошно дејствување, во или надвор од владата.