Таравари тврди дека на сите клиники има респиратор. Отфрла и лекарска грешка за починатата пациентка

Пациентката се лекувала на хематологија по сите протоколи и правилници, а во меѓувреме се инфицирала и со ковид-19

Починатата пациентка за која СДСМ извести дека не била примена ниту на КАРИЛ, ниту на Инфективна клиника, имала акутна леукемија, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој уверува дека пациентката била лекувана на Клиниката за Хематологија со сите протоколи и правилници, но и дека смртта не настанала како резултат на докторска грешка.

„Некаде е 48-47 годишна и во меѓувреме е инфицирана и од ковид и го преживуваме скоро сите ние го поминавме периодот на пандемија. Во меѓувреме за пациентката е повикан и анестезиолог и инфектолог, дадени се предлози за терапија, но ни треба да знаеме од што починала. Знам дека добила повторно терапија, кој е тежок период за пациенти по акутна леукемија“ вели Таравари.

Таравари ги отфрли обвинувањата дека пациентката починала оти не била примена во Инфективната клиника каде се реновира ургентниот дел, објаснувајќи дека респиратори има на сите клиники и дека треба да се почека на извештаите кои тој ги побарал од клиниките за хематологија и инфективни болести.

„Била хоспитализирана колку што знам и не верувам дека причината е дека немало респиратор“, изјави Таравари.

Вчера, опозициската СДСМ информираше за случајот и побара истрага и одговорност за смртта на пациентката, оти како што кажаа, имаат точен увид во целиот случај и тоа ќе го изнесат во јавноста доколку надлежните се обидат да ја забошотат ситуацијата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close