Татко на бебе заболено од голема кашлица: Ова не би му го посакал ниту на најголемиот непријател!

Душан Здравковиќ од Србија е татко на бебе кое се разболе од голема кашлица во октомври, кога имала само два месеци. Бебето најпрвин добило третман во Здравствениот дом во Нов Белград, но состојбата се влошила, па тие биле упатени во Институтот за мајки и деца, каде што била потврдена дијагнозата.

Бебето е хоспитализирано на Детската пулмолошка клиника на болницата „Драгиша Мишовиќ“, каде останала десет дена, јавуваат белградските медиуми.

„Не побегнавме од вакцината, трчавме кон неа. Едноставно, оваа болест и стигнала пред предвиденото. Немала време да се вакцинира бидејќи добила голема кашлица пред вакцинацијата. Вообичаено е, колку што знам, бебињата да ја примаат вакцината против голема кашлица на три или четири месеци. Ние не сме анти-ваксери или нешто слично. Со оглед на тоа што го кажав, сакам да истакнам дека во некои европски земји бремените жени се вакцинираат против голема кашлица во третиот триместар од бременоста, така што и мајката и фетусот се заштитени од болеста. Тоа не е наша практика. И ни се случи и жена ми и бебето да имаат голема кашлица. Жена ми го помина тоа подобро, но бебето не. Притоа, не ја вадевме многу, ниту ја доведовме во ситуација да е во „гужва“, но болеста сепак ја фати. Децата од училишна возраст, кога имаат голема кашлица, кашлаат толку многу што почнуваат да повраќаат, се случува и капиларите во очите да им пукнат, па белките од очите да им помодрат. Се случува и да се онесвести од кашлање. А најопасно е за малите бебиња. За нив тоа е опасно по живот“, вели Душан Здравковиќ.“, вели таткото Душан.

Повеќе

Back to top button
Close