Таткото на убиената Вања плаче и тврди дека не ги познава осомничените. Фетаи бара да остане во притвор

Таткото на убиеното четиринаесетгодишно девојче Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски кој е осомничен дека и давал информации на групата на Љупчо Палевски – Палчо кој е под сомнение дека го убил девојчето денеска од затворот во Шутка беше донесен во Апелациониот суд на јавна седница на која заедно со неговиот адвокат побараа да биде пуштен во куќен притвор или да му бидат одредени мерки за претпазливост, пишува Фокус.

-Јас не разбирам. Не ги познавам, беа единствените зборови на осомничениот најверојатно сакајќи да каже дека не ги познава осомничените.

Тој и неговиот адвокат, Владимир Туфегџиќ поднеле жалба на одлуката на Кривичниот совет да му биде продолжен притворот, па сега второстепниот суд ќе одлучува по нивната жалба.

(…)

Туфегџиќ тврди дека јавниот обвинител му нема предочено ниту еден доказ, врз основа на којшто ја темели одлуката за осомничениот татко.

(…)

Но, обвинителката Фатиме Фетаи која е виш јавен обвинител беше децидна дека таткото на Вања не треба да излезе од притвор.

Според неа, Кривичниот совет донел сосема исправно решение затоа што според неа, постои реална опасност од бегство и за него не постојат само сомнение туку обвинителството има осоновано сомнение од висок степен дека помогнал со умисла.

Таа објасни дека реална е и опасноста од попречување на истражната постапка која се уште трае и во која ќе се испитуваат уште сведоци и ќе се прибираат докази.

-Во овој стадиум на постапката, според неа, единствен ефикасен механизам е осомничениот да остане во притвор и порача дека куќен притвор во никој случај не смее да му се одреди бидејќи овој притвор би го издржувал на исто место со мајката и малолетната ќерка.

Адвокатот на ова веднаш објасни дека таткото не живее заедно со мајката од 2018 година, кога се развеле, туку мерката притвор би ја издржувал во станот каде живее со неговата мајка кој е во близина на неговиот претходен стан, но и покрај ова Фетаи остана на своето тврдење.

Повеќе

Back to top button
Close