(Видео) Тепачки,специјалци на полувремето на дуелот на Вардар против Шкендија. Комитите се истепаа меѓу себе
Навивачите на Вардар меѓусебно се истепаа на полувреме од дуелот против Шкендија. Реагираше и полицијата, може да има и приведени, пренесе Спорт Манија.
Наместо да слават за шампионската титула навивачите на Вардар направија голем инцидент и се испотепаа мегу себе на полувремето. Реагираа специјалци и ги раздвојуваа и оставија многу грда слика пред највисоките преставници нод ФФМ и пред управата на клуботи публиката која беше дојдена да ја прослави шампионската титула на Вардар.. Шампионската титула на Вардар пана во сенка на минатонеделниот инцидент кога играчите на клубот пееја вулгарна навредлива песна за поп пеачката Каролина Гочева и за Битола а вечерва инцидент со тепачка направија фановите на клубот. Се чини залудни беа извинувањата на министерот за спорт и на тренерот на клубот за вулгарниот настап на играчите на Вардар а ФФМ за ова ги казни со највисоката парична казна според правилнокот со 3500 евра. Ова вечерва со тепачката која ја видоа многу граѓани не само на стадионот туку и на пренос во живо буквално ја фрли во сенка шампионската титула и прославата за неа.







