Тероpистот од Париз бил под надзор и на психијатриско лекување: Загрижен сум за страдањата на муслиманите
Француската полиција уапси радикален 25-годишен исламист кој во саботата вечерта во Париз уби германски турист и рани уште две лица.
По апсењето изјави дека нападот го извршил затоа што бил загрижен „за страдањата на муслиманите, особено во Авганистан и на палестинските територии“, со обвинение дека Франција е соучесник во тоа, објави денеска францускиот министер за за внатрешни работи, Џералд Дарманин, и нагласи дека напаѓачот за време на апсењето извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем).
„Оваа личност беше подготвена да убие уште луѓе“, рече Дарманин за време на прес-конференција.
Напаѓачот бил под надзор и на психијатриско лекување
Француското обвинителство за борба против тероризмот потврди дека отворило истрага за овој напад во кој исламски екстремист бркал неколку германски туристи со нож, уби еден човек, а потоа со чекан повреди уште две лица.
Напаѓачот не беше идентификуван по име, но беше потврдено дека е роден во париското предградие Ноји, дека поминал четири години во затвор и бил ослободен во 2020 година, по што бил под надзор и на психијатриско лекување.
Нападот се случил во 15-тиот арондисман на Париз, а напаѓачот потоа ја преминал реката Сена на десниот брег, каде со чекан нападнал и повредил две лица.
Потоа бил запрен од полицијата и неутрализиран со два електрошокови, рече министерот Дерманин и ги пофали полицајците за брзата реакција