Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје, целосно е во прекин сообраќајот во овој дел од градот

Тешка сообраќајка незгода во која учествуваа две возила се случи утрово во непосредна близина на мостот „Влајко“ во скопската населба Влае.

Целосно е затворен булеварот „Партизански одреди“ во правец од Ѓорче кон Центар, а сообраќајот се пренасочува по околните улици.

Очевидци на настанот сведочат за страшна слика на местото на несреќата. Од јачината на ударот, автомобилот е преполовен и свртен во спротивен правец.

Полицијата соопшти дека патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, го управувал Е.С.(32) од Скопје, а „аудито го возел Б.А.(27) од с.Сарај, скопско.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од с.Љубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, наведуваат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close