Тим од Јавното обвинителство побарал од косовските колеги конкретни податоци за случајот „Онкологија“

„Косовските обвинители изразија подготвеност за соработка и за обезбедување на потребните податоци. Во следниот период, во зависност од потребите на предистрагата за обезбедување докази, слична ваква средба ќе биде организирана и во обвинителството во Република Албанија“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство од каде информираат за престојот на нивен тим обвинители во косовското Обвинителство кој се случил вчера.

Од Основното јавно обвинителство Скопје уште претходно најавија дека ќе бараат податоци од надлежните органи во Косово и Албанија за пациенти од тие земји кои се лекувале со одредени терапии во Македонија, како и за евентуални сознанија за илегална препродажба на лекови за третман на онколошки пациенти во тие земји

Тим од обвинители од Јавното обвинителство на С Македонија вчера престојувал во косовското Обвинителство каде остварил директни средби со тамошни обвинители за обезбедување докази во врска со предистрагата за случајот со Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Како што соопштија денеска од Јавното обвинителството, од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, биле побарани конкретни податоци за „проверка на наводите врз основа на кои беше отпочната предистрагата“.

Доколку има потреба, од Јавното обвинителство велат дека слична средба ќе биде организирана и со обвинителството во Албанија.

„Косовските обвинители изразија подготвеност за соработка и за обезбедување на потребните податоци. Во следниот период, во зависност од потребите на предистрагата за обезбедување докази, слична ваква средба ќе биде организирана и во обвинителството во Република Албанија“,се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Од Основното јавно обвинителство Скопје на 14 септември информираа дека ќе бараат податоци од надлежните органи во Косово и Албанија за пациенти од тие земји кои се лекувале со одредени терапии во Македонија, како и за евентуални сознанија за илегална препродажба на лекови за третман на онколошки пациенти во тие земји.

Обвинителството за случајот „Онкологија“: Се анализира обемен доказен материјал, се испрашуваат 20-ина пациенти кои се пријавија да помогнат

Во меѓувреме, додаваат оттаму, тимот обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да ги презема сите дејствија за расчистување на скандалот во Клиниката за онкологија.

„Секојдневно се вршат распити на пациенти и нивни блиски, на стручни медицински и на други лица кои би можеле да имаат определени сознанија“,велат од Обвинителството.

Министерството за здравство го доставило извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат за работата на Клиниката, а по наредба на јавните обвинители во тек е финансиска истрага.

Обвинителството информира дека детално се вештачи економско-финансиското работење на Клиниката, кое го врши тим од вешти лица, ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници на Фондот за здравствено осигурување.

Инаку, во петокот Јавното обвинителство поднесе обвинение за проневера против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која крадела цитостатици.

ЈО поднесе обвинение за проневера против медицинската сестра од Онкологија која крадела цитостатици

Вчера вечер пред Владата се одржа четвртиот по ред протест кои бараат рачистување на скандалот во Клиниката за онкологија, каде, според наводите објавени во дел од медиумите, се краделе терапии за болни од рак и се продавале на црниот пазар, а на дел од пациентите наместо вистински лекарства им се давал и физиолошки раствор.

На протестот, кој и овојпат се одржа под мотото „Правда за жртвите“, граѓаните упатија порака до надлежните власти дека ако до 1 ноември нема никаква институционлна разврска за случајот „Онкологија“, ќе се бара поддршка од меѓународната заедница за јавно објавување на сите детали од случајот.

Ако до 1 ноември институциите не дадат детали за случајот „Онкологија“, ќе се врши притисок преку меѓународната заедница

Граѓаните побараа и истрага за инволвираноста во случајот на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и ексдиректорот на Клиниката, Нино Васев, целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија, како и проширување на истрагата за работата на Детска онкологија.

За разлика од претходните три, вчерашниот протестен марш наместо пред Јавното обвинителство заврши пред Министерството за здравство.

Back to top button
Close