Тито Петковски тврди дека Мисовски не е единствен кандидат

Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната седница од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски, е надвор од Статутот и е донесена во мое отсуство, откако јас ја затворив седницата и заминав, тврди Тито Петковски.

Тој вели дека за лидерската позиција на НСДП од општинските организации пристигнале предлози за десет кандидати и дека на синоќешната седница на одборот за подготовка на конгресот не било договорено Мисовски да биде единствен кандидат. Напротив, расправата требало да продолжи на Централниот одбор, кој е највисок партиски орган и кој треба да одржи седница в сабота.

– На седницата на Одборот за подготовка на петтиот конгрес , според Статутот, ние имаме обврска само да предлагаме, но не и да утврдуваме кандидати. Тоа што како информација е испратено од седницата дека Горан Мисовски е единствен кандидат не се случи додека јас бев на седницата. Со оглед на тоа што се разви дебата, се договоривме таа продолжи во сабота на седницата на Централниот одбор. Изненаден сум од оваа постапка на моите партиски соработници, изјавил Петковски за Нова.

Во соопштението до медиумите што претходно беше испратено на меморандум од НСДП, се вели дека Извршниот одбор за единствен кандидат за претседател на партијата го утврдил актуелниот пратеник и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски.

Освен Мисовски, кандидатура која најавува дека нема да ја повлече поднел и Кристијан Трајковски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Петковски беше на чело на партијата 17 години, а неодамна на Централниот одбор најави дека се повлекува од претседателската функција по што почна постапка за избор на нов претседател.

Back to top button
Close