„Тони“ го заслужи местото во „Галимар“: Румена Бужаровска трет пат објавена во реномираната издавачка куќа

Румена Бужаровска (1981, Скопје) е писателка, преведувачка и професорка. Авторка е и на четири збирки раскази преведени на повеќе од петнаесет јазици.
Расказите од збирките Мојот маж и Не одам никаде добиле мноштво меѓународни признанија и рецензии и се поставени како шест театарски претстави во земјата и во странство. Бужаровска е авторка на Господ, па Америка (2024), збирка есеи, како и студија за хуморот во расказот За смешното (2012).
Како книжевна преведувачка од англиски на македонски, превела дела од Џ. Д. Селинџер, Џ.М. Куци, Луис Карол, Труман Капоти и Фланери О‘Конор. Една е од трите авторки на феминистичкиот поткаст Радио Милева, а е и ко-авторка на инцијативата за раскажување женски приказни ПичПрич.Предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет во Скопје.






