Топли радијатори на Водно ке има кога ќе се договори ЕСМ со бизнисменот Кастиљо кому стечајниот со објектот му ги продал и пумпите од топланата

ЕСМ Дистрибуција на топлина посветено и интензивно работи за решение на прекинот на испорака кај дел од потрошувачите во населбата Водно.

„Вложуваме максимални напори да се овозможи испорака на топлинска енергија на овие потрошувачи во најбрз можен рок. Дополнително, ЕСМ снабдување со топлина ќе изврши проценка од аспект на ефектите врз потрошувачите и компанијата и ќе ја информира јавноста за сите детали“, информираат од ЕСМ.

Од ЕСМ велат за дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.

Ова е официјално објаснување од ЕСМ Дистрибуција зошто во населбата Водно каде пто е и основното училиште Кочо Рацин и детската градинка радијаторите се сеупте ладни иако грејната сезона за останатиот дел од Скопје започна на 15 ти овој месец.

Според извори на Либертас проблемот со ладните радијатори на Водно е сепак посложен. Пред извесно време стечајниот управител го продал објектот-топлана која им испорачуваше топлинска енергија на бизнисменот Кастиљо, но од неразбирливи причини објектот го продале со опремата-пумпите за топлинската енергија. Новиот газда на објектот и на опремата сега не дозволува вклучување на струјата за да работат пумпите туку бара договор со ЕСМ за надомест што ќе  ги користат пумпите кои се сега со продажбата негови.

Како и зошто стечајниот со објектот ја продал и опремата никому не е јасно а новиот газда сппоред договорот за купопродажба е сопственик не само на објектот туку и на пумпите. Дознаваме дека вработени од ЕСМ дистрибуција се обиделе да ги вклушат пумпите но биле спречени од новиот газда да влезат во објектот.Топли радијатори на Водно ќе има кога ќе падне договор помеѓу ЕСМ Дистрибуција и новиот газда бизнисменот Кастиљо.

Поврзано  https://libertas.mk/ne-gi-pushtam-prvo-evn-da-platat-ob-ektot-si-go-kupiv-kasti-o-za-birn-za-toplanata-na-vodno/

 

 

Back to top button
Close