Тортевски: Освен бесплатен превоз да ветам ли и 100 денари за секој што ќе се вози?

Покрај тоа што јавниот превоз би бил бесплатен, да ветам ли и дека секој што ќе се вози ќе добие и по 100 денари?, напиша на Фејсбук кандидатот за градоначалник за Скопје од „Твоја партија“, адвокатот Александар Тортевски.

Овој негов коментар на социјалните мрежи следува откако кандидатката Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ најави бесплатен јавен превоз за Скопје, а денеска и набавка на 250 еколошки автобуси.

Back to top button
Close