Трагедија во Њујорк: Американец убил 20-годишна девојка откако таа несакајќи влегла во патеката кон неговиот дом

Младата девојка Кејлин Гилис (20) била убиена откако, барајќи куќа на пријател во северниот дел на Њујорк, била застрелана откако по грешка влегла со својот автомобил на туѓ имот, соопшти полицијата.

Гилис се возела во округот Вашингтон со пријателите кога свртела во патека на Патерсон Хил Роуд во Хеброн. Таа брзо ја сфатила својата грешка и се обидела да си замине, изјави шерифот Џефри Марфи.

„Во тој момент, сопственикот Кевин Монахан (65) излегол на терасата од куќата и испукал два куршума во возилото. Еден од куршумите ја погодил 20-годишната девојка. Тоа е многу рурална област каде што патеките често се слабо осветлени ноќе, нема многу мобилни услуги или каков било вид на интернет“, рече шерифот.

Back to top button
Close