Трамп ги зголемува царините за Кина на 125% и воведува 90-дневна пауза за другите земји

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја зголемува царината на увозот од Кина на 125 проценти, нарекувајќи ја мерката одговор на „недостигот на почит“ од страна на Пекинг кон светските пазари.

President Trump signed an executive order related to the oil pipeline industry in the Oval Office on January 24.

Во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп истакна дека за останатите земји кои, како што рече, покажале желба за преговори воведува 90-дневна „пауза“, за време на која царините ќе бидат симнати на 10 проценти.

Американските царини кон Кина досега се зголемуваа во неколку чекори: прво 20%, потоа 34%, па дополнителни 50%, достигнувајќи 104% пред новото зголемување на 125%.

Со ова се очекува да се зголеми тензијата во трговските односи меѓу двете најголеми економии во светот, додека останатите земји добиваат простор за дипломатски преговори.

Кина воведе одмазднички тарифи од 84 отсто на целиот американски увоз, продлабочувајќи ја трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон.

Ваквиот чекор доаѓа како одговор откако Трамп претходно постави царина од 104% за кинески стоки – но подоцна го зголеми тоа на дури 125%, наведувајќи го „непочитувањето“ од Кина како причина за неговата одлука.

Сепак, Трамп ги паузираше повисоките тарифи за другите земји, иако според најавите ќе биде воведена „универзална давачка од 10 отсто“.

Back to top button
Close